
Зголемување е забележано и кај трговијата на мало со автомобилски горива, каде што номиналната стапка на прометот е зголемена за 38,7 проценти, а реалната за 12 проценти.
Од друга страна, трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, бележи намалување на прометот за 13,9 проценти номинално и за 9,2 проценти реално.
Во вкупната група трговија на мало, освен трговија со горива, прометот е зголемен за 3,9 проценти номинално, а за 4,7 проценти реално.



