Мицкоски: Заклетвата ќе ја дадам со уставното име кое ќе го користам и при посетите во странство

Уставното име на државата е јасно и не треба да имаме двојни стандарди да се чувствуваме пред граѓаните неодговорно или да ги доведуваме во заблуда, се знае кое е уставното име – тоа е со придавката, порача вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада.

Тој во интервју за ТВ  Сител рече дека во заклетвата што ќе ја даде идната влада ќе го користи новото уставно име на државата исто како и при посетите во странство.

-Сепак, во секојдневната употреба и при давањето на изјавите во земјава ќе го користам името „Македонија“. Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние сами да ги кршиме, рече Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работа
- Реклама -