ВЛЕН: Ларце ги демаскираше антидемократските и антиевропските политики на ДУИ

Институциите како ДИК и Управниот суд утврдија дека на 8 мај ДУИ и Мултиетничкиот фронт се обидоа повторно да ја искриват волјата на граѓаните со закани и насилство.

Затоа беше одлучено на 22 мај да се гласа во селото Ларце. Но, машинеријата на Мултиетничкиот фронт повторно се обиде да врши притисок и закани врз жителите и членовите на комисиите, носејќи на гласачкото место како набљудувачи министри и полицајци од ДУИ со цел заплашување на жителите да излезат на гласање. Оваа слика повеќе наликуваше на воена состојба отколку на нормален ден за прегласување.

Но, криминалните дејствија на ДУИ, синоќа ги отфрли самиот Административниот суд кој немаше ниту една минимална забелешка за целиот процес на прегласување.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Ларце ги демаскираше антидемократските и антиевропските политики на ДУИ и нејзините партнери кои 20 години по ред крадеа мандати користејќи ја власта за да крадат гласови и да ги заплашуваат Албанците во нивните домови.

Албанците сакаат промена без разлика на притисоците, тоа го докажа промената на резултатот по две недели. Кога ДУИ не успеа да ги заплаши или купи гласовите на жителите на Ларце, тие ја казнија со резултат десет пати поголем (494 наспроти 48).

Комунистичките политики завршија. Почнатата промена ќе донесе правда и иднина за секој граѓанин на државата. И оваа ситуација не им одговара само на оние кои работеле против правдата, и биле тонети во криминал и корупција.

ВЛЕН

- Реклама -