САД и сојузниците подготвуваат нови мерки за Кина и останатите земји кои ги избегнуваат западните санкции против Русија

САД и нивните партнери спремаат нови санкции и мерки за контрола на извозот за спречување на трговијата меѓу Кина и Русија и казнување на сите оние кои ги избегнуваат санкциите против Русија.

Далип Синг, заменик советник за национална безбедност и меѓународна економија во Белата куќа, изјави денеска дека САД и сојузниците ќе преземат мерки „Русија да плати висока цена за користење на сива флота танкери за избегнување на „плафонот“ на цените на нафтата“ воведен во рамките на санкциите на земјите од Г-7, како и тоа да се рашират санкциите и кон трети страни кои помагаат во финансирање на војната на Русија во Украина. А и со оглед на чекорите што Москва ги прави да ја стави домашната економија на воени шини.

Прочитајте и:  Шикорски бара НАТО да соборува руски ракети кои би можеле да навлезат во Полска уште додека се над Украина

Ова ќе биде и главната тема на посетата на Берлин неделава на Воли Адеимо, заменик министер за финансии на САД. Целта е да се повикаат сојузниците на понатамошни чекори за спречување на обидите за избегнување на санкциите против Русија, и да се посочи на тежината на овие проблеми поврзани со Кина, јавија дел од американските медиуми.

- Реклама -