109
Доколку сакате да го зајакнете срцето, треба да вклучите одредени намирници во исхраната бидејќи делуваат исклучително благотворно.
Зелениот лиснат зеленчук како спанаќот, кељот и зелката се на прво место. Следат брокула и моркови. Кога станува збор за овошјето, јадете повеќе јаболка, банани, портокали, круши, грозје и сливи.
За зајакнување на срцето, консумирајте и овесна каша, кафеав ориз и леб од цело зрно и млечни производи со малку маснотии како млеко, сирење или јогурт.
Храната богата со протеини која ќе го заштити вашето срце вклучува: риба богата со омега-3 масни киселини (лосос, туна и пастрмка), посно месо како пилешко и мисирка, јајца, јаткасти плодови, семки и мешунки.
Возрасните и децата над 14 години треба да јадат помалку од 2.300 милиграми натриум дневно. Ако имате висок крвен притисок, можеби ќе треба уште повеќе да го ограничите внесот на натриум и најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.