Мециновиќ: Подаваме рака до ДПМНЕ заедно ДА НЕ ГИ ПОТПИШЕМЕ уставните измени

Според Носителот на ИЕ2, Амар Мециновиќ, Левица ја поддржа независната кандидатка со тоа што за првпат како партија влегоа во ринг за Претседателските избори, но поентата на Левица се Парламентарните избори.
 
„Граѓаните знаат дека во Собранието Левица беше еден неверојатен непријател на водењето на СДС и ДУИ како во примерите против спикерот Џафери, така и против сите процеси. Ние дадовме поддршка за формирање на ново мнозинство кога требаше да се турне Заев и да се изгуби неговиот легитимитет и во тоа успеавме”, вели Мециновиќ. 
 
Како што велат од партијата, Левица ја следи желбата на граѓаните, „а таа желба е невнесувањето на Бугарите во Уставот“. 
 
„На Мицкоски му честитаа Таравари и Касами за резултатите од првиот круг и порачаа дека заедно ќе ги донесат уставните измени. Еве ние честитаме и повикуваме да НЕ ги донесеме уставните измени – затоа што тоа е волјата на народот. Ние во претходниот мандат бевме најголеми непријатели на владеењето на СДС и ДУИ, како преку примерите со спикерот Џафери, така и со формирањето на новото мнозинство за да се турне Заев. А сега да се фокусираме на проблемите на граѓаните за кои нашата програма има најдобри решенија”, порача носителот на ИЕ2 Мециновиќ.
 
Од партијата велат дека Левица продолжува да се фокусира на проблемите на граѓаните и дека Програмата на Левица ги таргетира проблемите на граѓаните и нуди конкретни решенија на најгорливите проблеми на ранливите целни групи, на работничката класа и на сите граѓани во Македонија.

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица
- Реклама -