Меѓународен борд од САД, ЕУ и НАТО да ги проверува функционерите за корупција и руско влијание, ќе бара Османи ако стане претседател

Кандидатот за претседател од ДУИ и актуелен шеф на дипломатијата Бујар Османи, како дел од својата платформа ќе бара ветинг за носители на политички функции, преку меѓународен борд којшто ќе го сочинуваат претставници од НАТО, ЕУ и САД.

-Дел од мојата платформа како претседател, ќе вклучува и „ветинг“ за сите носители на јавни функции. Што значи тоа? Меѓународен борд кој ќе ги сертифицира во две насоки носителите на јавни функции. Прво – во безбедноста, дали имаат некаква врска со рускиот интерес, и второ – со корупција и организиран криминал, изјави Османи за емисијата „Рубикон“, на Клан Косова.

Додаде дека ќе бара во тој борд да биде и НАТО, поради, како што рече, безбедносното прашање, како и ЕУ и САД.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

-Овој борд ќе треба да направи сертификација на секој носител на функција, почнувајќи од нас, изјави Османи. 

- Реклама -