Сандерс: Британските власти да ја „мобилизираат нацијата“ за да се подготват за војна со Русија

Луѓето во Велика Британија треба да бидат подготвени да служат војска во случај на војна со Русија, предупреди денеска началникот на Генералштабот на британската армија, Патрик Сандерс.

Во говорот на Меѓународната изложба на оклопни возила во Лондон, тој ги повика британските власти да ја „мобилизираат нацијата“ за да се подготват за војна со Русија, објави бриселскиот портал Политико.

Иако не поддржува регрутирање, Сандерс ја нагласи потребата од „промена“ на ставот на британската јавност за да биде ментално подготвена за воен конфликт со Русија.

Говорот на Сандерс дојде откако други западни воени лидери и највисоки претставници на одбраната претходно предупредија на ризикот од голема војна меѓу Москва и НАТО. По нападот на Украина, владата на рускиот претседател Владимир Путин ја засили, според порталот, воинствена реторика против соседните земји, вклучително и балтичките земји, кои се членки на НАТО, и Молдавија.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Минатата недела германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека рускиот напад врз НАТО е можен за пет до осум години.

Холандскиот адмирал Роб Бауер, висок функционер на НАТО, претходно изјави дека воениот блок се соочува со „најопасниот свет во последните децении“ и повика на „борбена трансформација на НАТО“.

- Реклама -