Ковачевски: Изборите ќе бидат во законските термини, почитувајќи го правото на граѓаните да ги прослават празниците со своите семејства

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски не очекува нова политичка криза во државата иако, според него, изминатите четири години опозицијата ја блокира работата на Парламентот.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура, Ковачевски посочи дека претстојат избори, кои, како што рече, ќе се организираат врз основа на изборен законик којшто ќе биде усогласен со сите политички партии.

„Откако изборниот законик ќе биде изработен од Министерството за правда ќе биде доставен до Парламентот, каде сите политички партии и оние кои не учествуваат од опозицијата ќе можат да дадат свој придонес во неговата финална реализација преку парламентарната расправа“, рече премиерот.

Изборите, и претседателските и парламентарните, нагласи, ќе бидат договорени во рамки на нивните законски термини, притоа почитувајќи го и правото на граѓаните, без разлика на нивната вероисповед, да биде испочитувана и можноста да ги прослават и рамазанските и велигденските празници со своите семејства и тој период да не биде оптоварен со избори.

Прочитајте и:  СДСМ се враќа во форма, кризата од изборите е надмината - вели Филипче

Извор: МИА

- Реклама -