Песков им одговори на САД и сојузниците: Русија ќе ги продлабочи односите со Северна Кореја во сите сфери

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговарајќи на новинарско прашање посочи дека Москва планира да ги продлабочи односите со Северна Кореја.

„Северна Кореја е наш сосед и ние продолжуваме да развиваме блиски односи во сите сфери“, посочи Песков.

Неговата изјава уследи откако Јужна Кореја, Јапонија и САД вчера ја осудија Северна Кореја поради, како што тврдат, ја снабдува Русија со оружје и муниција.

„Нагласуваме дека снабдувањето со оружје на и Северна Кореја … претставува кршење на неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН“, се истакнува во вчерашната заедничката изјава на Јужна Кореја, Јапонија и САД.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун минатиот месец во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. На средбата се разговараше за одбраната, војната во Украина и евентуална помош од Русија за севернокорејската сателитската програма.

Прочитајте и:  Кулеба: Војната во Украина нема брзо да заврши

Русија и Северна Кореја, кои се историски сојузници, се под меѓународни санкции.

МИА

- Реклама -