Лајен: ЕУ ќе иницира хуманитарен коридор до Газа

Европската унија ќе иницира хуманитарен воздушен коридор до Газа, најави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Соочени со овој ужас, Израел има право да се брани во согласност со хуманитарното и меѓународното право … И токму сега, на Палестинците во Газа им е потребна хуманитарна помош“, рече таа.

„Тие не можат да ја платат цената на варварството на Хамас. И затоа комисијата најави тројно зголемување на хуманитарната помош за цивилите во Газа на 75 милиони евра (79 милиони долари)“, информира Лајен.

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас

Во соопштението се додава дека ЕУ ќе организира „хуманитарен воздушен мост до Газа преку Египет“.

Првите два летови ќе се реализираат оваа недела.

МИА

- Реклама -