Кулеба за прекинот на американската помош: Toa беше изолиран инцидент, САД разбираат што е во прашање во Украина

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека верува оти прекинот на американската помош за Украина, откако Конгресот не ја вклучи во привремен закон, всушност е изолиран инцидент, а не е системски одговор.

„Прашањето е дали тоа што се случи во американскиот Конгрес минатиот викенд е инцидент или е систематски“, рече Кулеба на маргините на состанокот со министрите за надворешни работи на Европската унија, а пренесува Си-Ен-Ен.

„Мислам дека тоа беше инцидент. Имаме многу детални разговори со двата дела на Конгресот, републиканците и демократите. Тие ја донесоа оваа одлука земајќи ја предвид позадината, односно можната блокада на работата на американската Влада. Но, ние не сметаме дека поддршката на САД е разнишана, затоа што САД разбираат што е во прашање во Украина. Проблемот е многу поголем од Украина, се работи за стабилноста на светот“, додаде Кулеба.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Да потсетиме, претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, не вклучи помош во висина од шест милијарди долари во привремениот закон што требаше да ја спречи блокадата на работата на американската Влада.

МИА

- Реклама -