МВР бара прекршочни постапки против Касами и Ганиу

Министерството за внатрешни работи, поточно Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје и Тетово, до надлежните основни судови денеска поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и градоначалниците Висар Ганиу и Биљал Касами.

Како што се наведува во соопштението од МВР, за време на официјалната посета на косовската делегација на земјава, предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти, при организираниот пречек на 11 август, на улицата „Ферид Мурати“ во Скопје и на Градскиот плоштад во Тетово, не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија.

Прочитајте и:  Ден на албанската азбука: Ниту едно добиено право не може да се укине или ограничи - му порача Меџити на Уставен суд

„За време на манифестациите организирани по тој повод, не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Северна Македонија, со што е сторен прекршок по член 30 од истиот закон“, се вели во соопштението.

Од МВР истакнуваат дека продолжуваат со потрага по лицето, „кое на една од манифестациите вееше знаме на Голема Албанија и по негово пронаоѓање, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“.

МИА

- Реклама -