САД го прислушувале Гутереш, ОН им „изразија загриженост“

Обединетите нации официјално им „изразија загриженост“ на САД поради написите за „надзорот“ на комуникациите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави денеска неговиот портпарол, жалејќи се на „активности кои се во спротивнсот со обврските на САД”.

„ОН ја изразија својата загриженост до земјата – домакин поради неодамнешните извештаи дека комуникациите на генералниот секретар и други високи претставници на ОН биле предмет на надзор и мешање од американските власти“, се вели во соопштението.

„ОН јасно ставија до знаење дека таквите активности не се во согласност со обврските на САД според Повелбата на ОН и Конвенцијата за привилегии и имунитети на Обединетите нации“, додаде тој.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на доверливи документи на Пентагон, објави дека САД ги прислушувале разговорите на Гутереш со други претставници на ОН, посебно за Украина.

Прочитајте и:  Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море

Поради објавување доверливи документи пред неколку дена беше уапсен и обвинет Џек Даглас Тешеира (21), припадник на Националната воздухопловна гарда на Масачусетс.

МИА

- Реклама -