Блинкен: Можна e контраофанзива на Украина во наредните недели, на Киев е да реши дали ќе оди на Крим

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави можна контраофанзива на Украина во наредните недели.

Во интервју за францускиот весник „Вест-Франс“ оваа недела, Блинкен истакна дека за бројни пријатели и партнери на Украина во светот, вклучително и САД, има две цели во Украина.

„Првата цел е да направиме се што е можно за да и помогнеме на Украина да ги врати териториите што Русија ги зазеде, вклучително и со контраофанзива, која се очекува во следните недели“, рече Блинкен.

Според него, втората цел е да ѝ се помогне на Украина „да ги изгради своите среднорочни и долгорочни капацитети за одвраќање на каква било агресија“ и „сама да се брани ако, сепак, се случи нова агресија“.

Прочитајте и:  Остин: Употребата на американско оружје за извршување удари со долг дострел во Русија нема значително да ја промени ситуацијата во Украина

Американскиот државен секретар рече дека додека Русија не го промени правецот, САД и нивните сојузници мора „да го одржат притисокот без преседан, кој бројни земји го започнаа против Русија со санкции и контрола на извозот“.

На прашањето дали САД имаат намера да го поддржат Киев во неговата желба да се борат со сила за заземање на Крим и Донбас, американскиот државен секретар одговори дека одговорноста за таквата одлука е на Украина и дека САД, заедно со многу други земји, ја поддржува Украина во нејзините напори.

МИА

- Реклама -