Кина за налогот за апсење на Путин: МКС да избегнува двојни стандарди и да го почитува имунитетот на шефовите на држави

Кинеските власти го повикаа Меѓународниот кривичен суд да ги избегне, како што нагласија, „двојните стандарди“ и да го почитува имунитетот на шефовите на држави.

Трибуналот издаде налог за апсење на рускиот лидер Владимир Путин под обвинение за воени злосторства.

Судот треба да „задржи објективен и непристрасен став“ и „да го почитува имунитетот на шефовите на држави од јурисдикција според меѓународното право“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Венбин, на редовниот брифинг.

МИА

Прочитајте и:  Зеленски: Украина можеби ќе треба да почека и да го надживее Путин за да си ја врати територијата
- Реклама -