Русија ќе се обиде да ги извлече остатоците од американскиот дрон од Црното Море

Русија ќе се обиде да ги извади остатоците од американскиот воен дрон што падна во Црното Море, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев. Во исто време, директорот на руската служба за разузнавање Сергеј Наришкин изјави дека постојат технички можности да се соберат остатоците од американскиот дрон.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби претходно изјави дека САД преземаат мерки за да се осигура дека дронот што беше соборен над Црното Море не падне во „погрешни раце“.

МИА

Прочитајте и:  Запрен судскиот процес против Трамп за обидите да го поништи резултатот од изборите во 2020 година
- Реклама -