Дачиќ: СПС не е за воведување санкции кон Русија, цврста поддршка за политиката на Вучиќ

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изјави дека партијата силно го поддржува ставот на Советот за национална безбедност (СНБ) и го осудува нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина, но не е за воведување санкции кон Русија.

„Таа политика јавно ја води и изразува претседателот Александар Вучиќ, а СПС силно ја поддржува, почитувајќи го ставот дека националниот интерес на Србија е најважен и дека нејзината иднина е наш приоритет“, рече Дачиќ за денешното издание на весникот „Политика“.

Министерот за економија Раде Баста, кој беше избран за член на Единствена Србија (ЈС) на коалициската листа СПС-ЈС, вчера ги повика другите членови на српската влада да го кажат своето мислење за санкциите, оценувајќи дека Србија веќе плаќа висока цена за невоведувањето санкции кон Русија и дека тоа е неодржливо.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

Претседателот на ЈС, Драган Марковиќ – Палма, за „Политика“ изјави дека Баста изразил личен став и дека партијата е против воведување санкции против кој и да е.

МИА

- Реклама -