Ковачевски: СДСМ е консолидирана партија и е вратена на победничките патеки

СДСМ по поразот на локалните избори во 2021 година е веќе консолидирана партија, која ги гради своите политики во рамки на официјалните тела и е вратена на победничките патеки, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Консолидацијата, тврди тој, се потврдила преку големиот број трибини, вкупно 79 низ цела држава, како и со победата на изборите за градоначалник во Маврово-Ростуше и подобрените резултати на изборите за советници во Општина Тетово.

Во однос на шпекулациите за наводен пуч од страна на Зоран Заев во СДСМ, Ковачевски вели дека не сака да ги коментира, со оглед дека и самиот поранешен претседател на СДСМ и премиер ги демантирал.

Прашан за тоа во какви односи е со Зоран Заев, Ковачевски вели дека неговиот однос со сите претходни претседатели на СДСМ е на ниво на комуникација со луѓе кои, како што рече, се вградиле како во развојот на партијата, така и во развојот на државата.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

„Сите извршувале високи државни функции и секако искуството кое што го имаат, доколку биде потребно, јас знам да се консултирам со нив. Најголемиот дел од претседателите присуствуваа и на трибините кои што го имавме како политичка партија во текот на месеците октомври, ноември и декември и со тоа и ја искажаа својата поддршка“, рече актуелниот лидер на СДСМ.

Извор: МИА

- Реклама -