Хависто: Нуклеарно оружје нама да биде распоредено во Финска по влезот во НАТО

Нуклеарно оружје нема да биде распоредено на територијата на Финска по нејзиниот влез во НАТО, изјави синоќа министерот за надворешни работи на земјата, Пека Хависто.

„Финска не постави никакви предуслови при аплицирањето за членство… Но, јасно е дека нема да има нуклеарно оружје на финска територија дури и по добивањето членство“, нагласи Хависто.

Тој ја потврди визијата на политичкото раководство на земјата дека Финска и Шведска истовремено ќе влезат во НАТО.

„Финска и Шведска формираат единствена одбранбена стратешка структура. Истовремената најава на Финска и Шведска за влез во НАТО не е само гест на учтивост, туку прашање на зајакнување на одбранбените капацитети на двете земји“, рече Хависто.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

МИА

- Реклама -