Столтенберг: Потценувањето на Русија може да има големи последици за нордискиот регион

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Стокхолм и Хелсинки го почитуваат трилатералниот меморандум што го потпишаа со Анкара и дека „денес, во сѐ поопасниот свет, уште поважно е Шведска и Финска да станат членки на НАТО“.

Тој повика на поголема поддршка за Украина и предупреди дека потценувањето на Русија може да доведе до „големи последици за безбедноста во нордискиот регион“, објавено е на веб-страницата на НАТО.

Столтенберг изрази уверување дека „наскоро ќе може да им приреди топло добредојде на Шведска и Финска“ во Алијансата.

На маргините на безбедносната конференција што се одржува во Шведска, Столтенберг се сретна со шведскиот премиер Улф Кристерсон, шведските министри за надворешни работи и одбрана, како и со лидерката на опозицијата Магдалена Андерсон.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон

Столтенберг потсети дека досега 28 од 30-те земји на НАТО алијансата го ратификувале влезот на Шведска и Финска во НАТО, а тоа сѐ уште не го сториле само Унгарија и Турција.

МИА

- Реклама -