Ковачевски за експлозијата во Полска: Сега е време да се биде уште поодлучен во нашата главна задача – да се сочува територијата на НАТО сигурна и безбедна

„Сочувство до полскиот премиер Матеуш Моравјецки и полскиот народ за загубените животи во експлозијата во близина на украинската граница“, изрази премиерот Димитар Ковачевски на Твитер.

„Сега е време да се биде уште поодлучен во нашата главна задача – да се сочува територијата на НАТО сигурна и безбедна. Работиме заедно со нашите сојузници за да ги собереме сите факти за овој трагичен настан“, додаде Ковачевски.

Сочувство изрази и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Прочитајте и:  Подољак: Договор со Русија би било „договор со ѓаволот“

„Загрижени сме за последните ракетни напади кои преминаа во територијата на Полска. Целосна поддршка и солидарност со нашиот близок партнер Полска, изразуваме сочувство до семејствата на жртвите“, порача шефот на дипломатијата на својот Твитер профил.

„Се консултираме со нашите НАТО сојузници и внимателно ја следиме ситуацијата“, додаде и тој, слично на Ковачевски.

- Реклама -