Вучиќ: Германија и Велика Британија ги поддржуваат сите противправни акти на Косово

Германија и Британија ги поддржуваат сите „противправни акти“ на Косово, изјави денеска во Париз српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Приштина има поддршка од Германците и за секој потег што го прават тие секогаш можат да ја условат Приштина со визи и поддршка за енергија, пари и поддршка за членство во Советот на Европа, но јасно е дека нема тоа да го сторат. Јасно е дека Германците се тие што им даваат поддршка за сите противправни акти во ЕУ, а Велика Британија надвор од ЕУ“, изјави Вучиќ, пренесе Бета.

Тој посочи дека не гледа компромисно решение бидејќи Приштина одбива „да се однесува рационално и во согласност со меѓународното право“ и додаде дека тоа го загрижува.

„Се соочуваме со многу комплицирана ситуација во Косово, особено од 21 ноември, кога Албанците мислат дека наплатуваат казни целосно незаконски со што го прекршуваат Бриселскиот договор. Тоа беше главната тема (на неговиот разговор) со Лајчак и Борел“.

Прочитајте и:  ЕК им даде рок од шест месеци на Турција и Германија да го решат спорот околу рецептот за донер кебап

Претседателот на Србија изјави дека Борел и Лајчак по средбата со Курти му кажале дека „не се оптимисти“ и оцени дека двајцата се немоќни бидејќи косовскиот премиер може да прави „буквално што сака“ бидејќи ја има поддршката од Германија и Велика Британија.

Тој оцени дека Курти со еднострани потези сака „фундаментално да ги избрка Србите од нивните огништа“.

Претходно, Вучиќ ги повика европските институции и земјите-членки на ЕУ да останат на „цврстиот став дека Приштина конечно треба да почне да ги исполнува своите обврски“, што првенствено се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини во Косово. Со тоа, оцени Вучиќ, тие ќе покажат и во пракса дека се посветени на продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени прашања.

Извор: МИА

- Реклама -