Мицкоски потврдил дека ВМРО-ДПМНЕ е иделошки поклоник на извршители на Третиот Рајх – тврдат од СДСМ

„Христијан Мицкоски денеска го потврди континуитетот на Ванчо Михајлов на денешниот таканаречен Симпозиум на ВМРО-ДПМНЕ“, обвинија од СДСМ на денот кога Македонија го одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

„Кога зборува за 129 години, Мицкоски го опфаќа точно и периодот на Ванчо Михајлов“, посочуваат од владејачката партија, што според нив значи дека „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што се повикуваат на континуитет во своето делување со Ванчо Михајлов, туку и го величаат неговото лик и дело“.

„Ванчо Михајлов беше соработник на Третиот рајх. ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михаилов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура со него во музејот во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ денеска е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх“, тврдат од СДСМ.

Прочитајте и:  Стопанската комора му додели награда на премиерот Мицкоски

„Заглавена во минатото ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди на граѓаните за иднината. Мицкоски е предводник на концептот против членство во ЕУ кој носи изолација и враќање назад.

Предводник на концетот за македонската европска иднина е Димитар Ковачевски, тој концепт значи членство во ЕУ до 2030 година, со заштитен македонски јазик и идентитет. Македонската иднина е европска“, се додава во соопштението.

- Реклама -