Валас: Русите истрелаа ракета во близина на британски авион над Црното Море, тоа е потсетник колку работите можат да бидат опасни

Руски авион-ловец истрелал ракета во близина на британски авион што патролирал во меѓународниот воздушен простор над Црното Море на 29 септември, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Валас пред Парламентот соопшти дека Велика Британија по инцидентот ги суспендирала патролите и изразила загриженост до рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Москва соопшти дека се работи за техничка грешка, а Валас објави дека Британија сега ги обновила патролите во регионот.

Британскиот министер за одбрана изјави дека инцидентот не го смета за намерна ескалација, а анализите потврдиле дека се работи за технички дефект.

„Меѓутоа, тоа е потсетник колку работите можат да бидат опасни кога ќе одлучите да ги користите вашите ловци на начин како што тоа го прави Русија веќе подолг период“, изјави Валас пред Парламентот.

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина

МИА

- Реклама -