Османи: Протоколот со Бугарија ќе биде објавен пред властите да го потпишат

Протоколот со Бугарија ќе биде објавен пред властите да го потпишат, изјави министерот за надворешни работи – Бујар Османи, во гостување на „Телевизија 24“.

Тој тврди дека во Протоколот, како и во целиот француски предлог, нема ништо спорно, како и дека Бугарија е незадоволна од предложениот компромис.

„Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик официјално во Европската унија. Тие не се задоволни што нема поглавја, што нема одредници… единствено што добија е промена на Уставот за да бидат внесени Бугарите. Ништо повеќе нема во францускиот предлог како компромис, освен тоа“, тврди Османи.

Извор: МИА

- Реклама -