Ковачевски: Преговорите мора да почнат пред да почне внесувањето на Бугарите во Уставот, неопходни се и гаранции

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил уште еднаш посочи дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји-членки, како и дека секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на државата. Тој потенцира дека за францускиот предлог да биде прифатлив за нас, клучни се неколку елементи.

Како што посочи тој, мора да има чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Понатаму, историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка.

Ковачевски потенцира и дека преговорите со ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот. Премиерот наведе и дека треба да бидат дадени цврсти гаранции, од Бугарија но и од ЕУ, дека нашата источна соседка нема да условува со нови барања надвор од „она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија“.

Прочитајте и:  Мицкоски: Немам намера да прифатам катастрофални грешки од минатото, прифатлива алтернатива за уставните измени е одложеното дејство

- Реклама -