Грушко: Вашингтон се обидува да го направи НАТО светски полицаец

Москва, 26 мај 2022 (МИА) – Вашингтон се обидува да ја искористи наводната руска закана кон Африка, со цел НАТО да го направи светски полицаец, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

Според него, глобалните амбиции на Алијансата довеле до катастрофални последици во Африка и на Блискиот исток, јавија руски медиуми.

Претходно, министрите за одбрана на Шпанија и на Велика Британија тврдеа дека паралелно со ситуацијата во Украина, ширење на влијанието и на активностите на Русија во Африка е „загрижувачка закана“ по безбедноста на земјите во НАТО и оти воената алијанса мора да го реши ова прашање.

„Ваквите соопштенија се согласно настојувањата на Вашингтон, кој се обидува да го глобализира НАТО и да му додели функција на светски полицаец, далеку надвор од првобитната област на одговорност на Северноатлантската алијанса. Белата куќа, пред сè, е заинтересирана за придружување на Алијансата во ограничување на Кина. Токму во тоа е главната цел на регионалните проекти на САД за зајакнување на безбедноста во индо-пацифичкиот простор“, оцени рускиот дипломат.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

Како што тој смета, кога е во прашање Африка, катастрофалните последици од глобалните амбиции на НАТО уште долго ќе се чувствуваат во Ирак, Либија, Сирија.

- Реклама -