Москва: САД лажно ќе ја обвинат Русија за употреба на оружје за масовно уништување

Москва, 23 април 2022 (МИА) – Русија денеска ги обвини САД дека планираат лажно да ја обвинат Русија за употреба на оружје за масовно уништување со цел дополнително да ја изолираат земјата.

„Исценирањето на употребата на оружје за масовно уништување ќе биде искористено за да се обвини Русија за употреба на нелегално оружје, со цел да се реализира таканареченото ‘сценарио за Сирија’, во кое одредена држава е економски и политички изолирана и исклучена од меѓународната организации како што е Советот за безбедност на ОН“, изјави шефот на одделот за радијациска, хемиска и биолошка одбрана на руската војска – Игор Кирилов.

Како што пренесе ДПА, Кирилов рече дека западните лидери веќе дале бројни провокативни изјави во последните недели дека Русија планира да користи тактичко нуклеарно, хемиско и биолошко оружје во Украина.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена

„Целта беше да се зголеми притисокот врз Индија и Кина да му се придружат на Западот во воведувањето санкции против Русија“, рече Кирилов.

- Реклама -