Зеленски: Ќе биде тешко да се преговара со Русија по масакрот што го извршија во Буча

Ќе биде тешко за Украина да продолжи да разговара со Русија „по масакрот што руските сили го извршија во Буча“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски при неговата денешна посета на оваа и други области во регионот на Киев.

„Тоа се воени злосторства и ќе бидат признати од светот како геноцид. Многу е тешко да се зборува кога гледате што направиле тука“, изјави Зеленски во краткиот разговор со новинарите, алудирајќи на егзекутираните цивили застрелани од близина додека им биле врзани рацете, масовните гробници и други видови егзекуции на ослободените територии, за кои украинските власти тврдат дека се дело на руските војски.

Украинскиот претседател притоа ја предупреди Русија дека колку повеќе ги одолговлекува преговорите, толку полошо ќе биде токму за Русија, за целосната ситуација, и за војната.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)

„Знаеме за илјади убиени и измачувани луѓе со отсечени екстремитети, силувани жени и убиени деца“, додаде Зеленски, оценувајќи дека „масакрот во Буча ја покажува природата на руската армија“. „Тие се однесуваат со луѓето полошо од животни“, рече украинскиот претседател.

- Реклама -