Путин потпиша указ за примена на специјални економски мерки

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за примена на посебни економски мерки во областа на надворешната економска активност. Како што соопштија новинските агенции, мерката е одговор на западните санкции, со цел да се обезбеди безбедноста на државата.

Се работи за забрана за извоз и увоз на производи и суровини од Русија, кои ќе ги утврди владата. Владата има рок од два дена да го утврди списокот.

Претходно денеска, во пресрет на одлуката на САД за забрана на увоз на руска нафта и гас, Русија, која испорачува 40 отсто од европскиот гас, предупреди на последиците од таквата одлука на САД и европските сојузници, заканувајќи се дека може да го запре протокот на природен гас до Германија низ гасоводот Северен тек 1.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

„Имаме целосно право да донесеме соодветна одлука и да воведеме ембарго за транспорт на гас преку гасоводот Северен поток 1“, изјави синоќа рускиот вицепремиер Александар Новак.

Новак, исто така, предупреди дека цената на нафтата може да биде до 300 долари за барел доколку САД и нивните сојузници го забранат увозот на руска нафта, која во моментов е клучен извор на приходи за Русија откако земјата беше ефективно замрзната од западните финансиски пазари поради инвазијата на Украина.

Извор: МИА

- Реклама -