Песков: Светот е многу поголем од САД и Европа за да можат да ја изолираат Русија

Лондон, 5 март 2022 (МИА) – Кремљ денеска соопшти дека Западот се однесуваат како бандити, но дека Русија е премногу голема за да биде изолирана бидејќи светот е многу поголем од САД и Европа, пренесоа британските медиуми.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, утринава на новинарите им кажа дека Западот е ангажиран во „економска бандитерија“ против Русија и дека Москва ќе одговори. Тој не прецизираше каков ќе биде одговорот, но кажа дека ќе биде во согласност со руските интереси.

„Ова не значи дека Русија е изолирана“, им рече Песков на новинарите. „Светот е преголем за Европа и Америка да изолираат земја, а уште повеќе земја голема како Русија. Има многу повеќе земји во светот’.

Прочитајте и:  ФТ: Никој не е на страната на Унгарија и Словачка во однос на испораката на нафта од Русија

Песков додаде дека доколку САД воведат санкции врз рускиот извоз на енергија, тогаш тоа ќе предизвика значителен потрес на енергетските пазари.

- Реклама -