САД се подготвени за преговори со Русија, доколку ја повлече војската од Украина

Вашингтон, 3 март 2022 (МИА) – САД се подготвени да преговараат со Русија доколку руските трупи се повлечат од Украина. Ова го изјави американската заменик-државна секретарка за политички прашања – Викторија Нуланд, во интервју за „Ехото на Москва“.

„Доколку тој (Путин) е подготвен да ги повлече своите војници од Украина, ако е подготвен сериозно да разговара со нас дека оваа војна мора да заврши, ние сме подготвени да разговараме со него доколку е тоа така“, истакна Нуланд.

Таа, исто така, нагласи дека САД ги одложуваат редовните нуклеарни вежби за да не придонесат за ескалација во момент на воени дејствија во Украина.

„Не го подигнавме нивото на нуклеарна безбедност во САД, нашата цел е да ја смириме ситуацијата. И генерално ги одложивме нашите нуклеарни вежби – оние што обично ги правиме четири пати годишно – затоа што сакаме да постигнеме деескалација“, изјави Нуланд.

Прочитајте и:  Русија ги отфрли обвинувањата дека стои зад саботажата во Франција

„Во приватни разговори со Кремљ секогаш велиме дека нуклеарното оружје никогаш не треба да се користи. Знам дека сите руски граѓани се согласуваат со нас во таа смисла“, додаде американскиот заменик-државен секретар за политички прашања.

- Реклама -