Путин го уверил Вучиќ дека Србија ќе има доволно гас

Белград, 25 декември 2021 (МИА) -Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговараше со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Рускиот претседател даде гаранции дека Русија ќе се придржува до договорот и дека Србија ќе има доволно количества гас оваа зима, јави дописникот на МИА од Белград.

„Претседателот Путин го увери претседателот Вучиќ дека Русија ќе се придржува до договорот и дека Србија ќе има доволно гас оваа зима“, се вели во соопштението од прес службатат на срспкиот претседател, во кое се додава дека двајцата преседатели разговарале и за аранжман кој обезбедува дополнителни количини на гас.

Вучиќ му се заблагодарил на Путин за испораката на противоклопните ракети Корнет, оценувајќи дека „тие ракети од руско производство се најдобри во светот и дека претставуваат големо засилување за војската на Србија“, се истакнува во соопштението.

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Вучиќ и Путин констатираа дека економските врски меѓу Србија и Русија постојано се зајакнуваат, а можностите за соработка на полето на економијата се далеку поголеми од искористените и дека има простор за нови заеднички проекти.

„Во таа смисла, тие посочија дека очекуваат наскоро потпишување на Договор за стратешка економска соработка меѓу Србија и Русија и позитивно го оценија договорот што го потпишаа Петрохемија (Панчево) и Газпром“, се додава во соопштението.

Во разговорот според соопштението била нагласена подготвеноста за натамошна блиска соработка меѓу Србија и Русија за целиот спектар на прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда.

- Реклама -