САД ја предупредија Турција повеќе да не купува руско оружје

Вашингтон, 1 октомври 2021 (МИА) – САД денеска ја предупредија Турција за понатамошни ризици по билатералните односи доколку купи повеќе оружје од Русија, откако веќе го набави противвоздушниот одбранбен систем С-400.

Изјавата дојде откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се состана со рускиот колега Владимир Путин претходно оваа недела за да разговараат за поголема воена соработка, вклучително и за воени авиони и потенцијални подморници.

Турција, членка на НАТО, се спротивстави на предупредувањата на САД во 2017 година за купување на системот за противвоздушна одбрана С-400, договор од кој стравува западната алијанса дека ќе и овозможи на Русија да ги подобри своите вештини за таргетирање на американски и западноевропски авиони.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст

„Ја повикуваме Турција да не го зачувува системот С-400 на кој било начин и да се воздржи од купување дополнителна руска воена опрема“, им рече заменик државниот секретар Венди Шерман на новинарите на прашањето за патувањето на Ердоган.

„Продолжуваме да го разјаснуваме ова за Турција и какви ќе бидат последиците доколку се движат во таа насока“, рече Шерман за време на посетата на Швајцарија.

- Реклама -