Груби: Ја поддржуваме Резолуцијата, само бараме текстот да биде усогласен меѓу партиите

На ДУИ не ѝ пречи ништо во Резолуцијата за македонските „црвени линии“ во спорот со Бугарија предложена од ВМРО-ДПМНЕ, напротив, ја поддржуваат. Сѐ што бараат е текстот да биде усогласен со сите парламентарни партии (како што било и претходно пракса при усвојување на вакви Резолуции) и истата да не претставува дополнителна пречка во спорот, односно на патот до членство во ЕУ, изјави денеска првиот вицепремиер Артан Груби за „Плусинфо“.

Груби потенцираше дека ДУИ веќе 20 години ги застапува интересите, покрај на Албанците, и на Македонците и на сите граѓани, и дека затоа денеска сме во НАТО и на чекор до ЕУ. Тој уште еднаш, како и претходно (ТУКА, ТУКА), подвлече дека ставот на ДУИ и дека идентитетски прашања не смеат да бидат тема на спорови.

„Ние во неколку наврати истакнавме дека идентитетот, јазикот, културата и историјата се неспорни и не можат да бидат дел од спор во 21 век“, порача вицепремиерот.

За разлика од него, министерот за надворешни работи и негов сопартиец – Бујар Османи, денеска изјави дека ДУИ смета дека процесот треба да почне од нула и резолуцијата да биде производ на консензус меѓу политичките партии, а не да биде наметната од една партија. Според Османи, веќе е постигнат етнички консензус во државава во однос на спорот со Бугарија и најголема грешка ќе биде таа државна позиција сега да се претвори во етничка позиција.

- Реклама -