Груби за 24 Мај: Славиме заедно, азбуката и јазикот не можат да се спорат со политички договори или спорови

„Денес, кога го одбележуваме Денот на словенската писменост, се соочуваме со предизвици кои како држава мора да ги надминеме и да го откочиме патот кон европската иднина“, порача денеска, по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби.

Тој истакна дека азбуката и јазикот, како и културата и етничката припадност, не смеат да бидат предмет на спорови или договори и дека тие не смеат да се пречка за преговори со Европската унија.

„Азбуката, јазикот, културата и етничката припадност се вредности што не можат да се спорат со политички договори или спорови, како за луѓето воопшто но и за државата како целина, a за тоа најдобро сведочи историјата.

Нашата работа посветена на остварување на европскиот сон треба да биде ценета и наградена и да не биде заложник од архаични методи на блокирање, од пред два века“, оцени Груби.

„Европа е континент на разновидност и почитување на разликите и Унијата мора да се консолидира како фактор на донесување одлуки и лидер во почитување и интеграција на континенталната целина и правото на самоопределување.

Денес, славиме заедно и ништо не го спречува оваа заедничко обележување, исто како што ништо не треба да го спречува отворањето на преговорите за членство во Европската Унија“, подвлече вицепремиерот.

- Реклама -