„Дојче веле“: Македонските власти уште вчера требаше најжестоко да реагираат до Лисабон

Португалската државна секретарка за европски прашања – Ана Паула Закаријаш, со само една изјава како кула од карти ја урна и вербата во добрите намери на португалскиот предлг, и вербата во европските вредности. „Португалскиот предлог, кој овде беше оценуван како внимателен за чувствата на двете земји, по нејзината изјава добиваме впечаток дека тој бил добар параван зад кој лагодно се одвивале (и спонзорирани) активности само во една насока – ново вето“, пишува Катерина Блажевска за „Дојче веле“, откако вчера стана јасно дека ЕУ, или барем Португалија, воопшто не ја разбира македонската позиција во спорот со Бугарија.

„Ние не можеме да им забраниме на европските политичари да бидат неискрени, или арбитрарно да се држат на страната на земја партнер. Но, должни сме да се спротивставиме ако тоа го прават преку достоинството на нашата земја. Уште вчера требаше да има најжестоки реакции од македонските власти до официјален Лисабон што нејзин политичар си дозволи да го преименува македонскиот јазик и да дава оценки за неговото потекло. Таа изјава потврди дека спорот меѓу Софија и Скопје не е билатерален, туку европски проблем, бидејќи самата ЕУ дозволила да биде злоупотребена од земји членки, и искористена како арена за пресметки за прашања за кои е непристојно да се разговара во 21. век!“, оценува Блажевска во текстот „Историјата се повторува: Лисабонска „декларација“ број два“, посочувајќи дека уште во јануари Португалија навести каде стои во спорот меѓу Македонија и Бугарија. Прочитајте ТУКА.

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана
- Реклама -