Османи: Подготвен сум да реферирам пред пратениците за сите актуелности во надворешната политика

Нема потреба од протести, вели шефот на македонската дипломатија – Бујар Османи, испраќајќи порака дека е подготвен (и отсекогаш бил) да реферира во парламентот пред пратениците и пред опозицијата да ги претстави состојбите во надворешната политика.

Османи, притоа, упати јавна порака до Антонио Милошоски – претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, заеднички да го договорат првиот слободен термин на кој Османи, како самиот вели, ќе реферира за сите актуелности од доменот на надворешната политика пред пратениците.

Паралелно, Османи побара и да договорат термин на Комисијата на кој избраните амбасадори ќе ги презентираат тезите, со што ќе се ослободи и процесот за нивно упатување во испразнетите амбасади.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите
- Реклама -