Радев: Бугарската влада со години ветуваше безусловна поддршка за РС Македонија, резултатот го гледаме денес

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите откако Македонија ќе ги признае „објективните историски факти“ и откако процесот на искоренување на јазикот на омраза ќе стане одржлив и неповратен, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Радев искоментира дека бугарската влада со години наназад дарежливо ветувала безусловна поддршка за Република Северна Македонија. „Резултатот го гледаме денес, многу доцна владата се сети дека треба да го заштитува националниот интерес“, рече шефот на бугарската држава.

Тој истакна дека би била груба грешка ако премиерите Борисов и Заев „приредат театар“ и потпишат некаква „декларација со желби“, како што е Договорот од 2017 година, без јасни критериуми, без механизми за верификација и без мерни инструменти за да се следи неговото исполнување.

Радев побара смирување на емоциите и да не се брза со некакво ново решение:

„Имаме најголема желба нашите пријатели од РС Македонија да ја добијат својата европска перспектива и токму поради тоа сега треба да исчекаме да се успокојат емоциите. Треба да се вооружиме со трпение за еден отворен, спокоен разговор. Така ќе ги видиме јасно позициите на двете страни за да не се искушуваме од брзи решенија со имитација на триумф.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Додека зад таа фасада продолжуваат да гнијат проблемите на Титовиот режим и неговата идеологија, Бугарија, откако не успеа да ги вклучи нашите барања во преговарачката рамка, треба да адде согласност за почеток на преговорите откако ќе се признаат објективните историски факти и кога процесот на искоренување на јазикот на омразата и на искоренување на злоупотребата на нашиот идентитет и суверенитет ќе стане одржлив и неповратен. Сѐ друго ќе значи интегрирање на овие проблеми во ЕУ“, додаде тој.

- Реклама -