Радев: Нема друг излез освен одложување на преговорите сѐ до постигнување на конечен договор што ќе ги расчисти сите билатерални прашања

„Очекувам бугарската влада да се избори за Поглавјето 35 од преговарачката рамка (н.з. кое се однесува на прашања под разно и последно се отвора), во кое ќе се вклучи целокупната наша национална рамковна позиција, усвоена од бугарскиот парламент, како јасно утврдени критериуми кои треба да се следат во текот на целиот преговарачки процес. Тоа, сепак, изгледа сѐ помалку веројатно и оттука излезот/исходот е само еден – одложување на преговорите сѐ до моментот додека не се постигне јасен и обврзувачки договор за расчистување на сите билатерални прашања со Република Северна Македонија“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев по повод најновиот развој во разговорите меѓу Бугарија и Македонија, пренесува агенцијата БГНЕС.

Радев истакна дека за темата ќе разговара уште денес и со својот германски колега.

„Членството на РС Македонија во ЕУ е исклучително важно за нашиот регион и Бугарија отсекогаш го поддржувала, но мора да имаме јасни гаранции дека нашето единство како бугарска нација и културното наследство никогаш нема да бидат доведени во прашање од надворешни фактори. Како земја која е одговорна членка на ЕУ, не треба и не можеме да си дозволиме да внесуваме во ЕУ нови, нерешени проблеми. Не можеме да ѝ дадеме легитимитет на омразата кон Бугарија. Не може ние, како нација со самопочит, и три години по потпишувањето на Договорот за добрососедство, да гледаме текстови во учебници, во музеи, споменици и навредливи и недопустливи формулации во однос на Бугарија. Не можеме да го ставиме под хипотека нашиот национален идентитет“, истакна бугарскиот претседател.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Според него, небрежните и бледи, површни изјави за јазик и идентитет (од македонска страна н.з.), се само дел од проблемот, додава БГНЕС.

- Реклама -