Завчера ја соопшти новата цел, вчера ги повика Албанците да се обединат како што биле обединети во ОНА за време на војната, а денес ДУИ и лидерот на интегративците Али Ахмети ги повикаа и сите албански партии да се обединат зад идејата да се избере првиот премиер Албанец.
Од Демократската Унија за Интеграција порачуваат дека и покрај тоа што Охридскиот договор се спроведува, албанскиот јазик сега веќе е службен јазик и Албанците предводат повеќе (клучни) позиции од било кога – како судии во Врховен и Уставен суд, министри во клучни министерства, Претседател на Собрание и многу други, сепак се соочуваат со тенденции на исклучување и одбивање на рамноправноста и со потешкотии на работните места и во секојдневниот живот, како и со селективна правда. Затоа ги повикуваат албанските партии да го „преземат следниот чекор“, за да ги тргнат и последните потешкотии на граѓаните Албанци, избирајќи прв премиер Албанец во Северна Македонија, со што ќе добијат потполна рамноправност, целосен пристап и одговорност во владеењето.
И во ова соопштение, ДУИ повторно се повика на обединетоста во време на ОНА:
„Постигнавме многу во нашата историја како Албанци во Северна Македонија и секогаш обединети се боревме за заедничките цели. Како за време на војната така и за време на кризата.
Сега е време пак да се обединиме за целта која е поважна од сите партии и поважна од секоја личност. Заедно, со обединети гласови на Албанците, на секој од нас, но и на другите, ова можеме да го постигнеме.
ДУИ ги повикува сите партии на етничките Албанци и сите албански граѓани да ја поддржат оваа национална кауза за Албански Престедател на Владата. Сега е време сите заедно да ја пишуваме нашата историјата, сега е време да продолжиме до потполна рамноправност. Но, исто така, време е и сите албански партии да заземат став: дали се спремни да се постројат на правичната страна на процесите за да се продолжи напред и да ја поддржат иницијативата за Албански премиер?
ДУИ ги поканува сите албански партии да и се приклучат на оваа инициатива и заедно, да се договорат за следниот Премиер Албанец на Северна Македонија. Со Албански Премиер, Албанците за прв пат во историјата ќе раководат со извршната власт и ќе ја превземат таа одговорност. За прв пат, премиерот под еднакво ќе биде на сите граѓани. Премиер за рамноправност и едниство: за еднакви работни места, за еднаква плата, за еднакви права и за неселективна правда. За Албанците и за сите граѓани во државата. Долго време, ова беше само сон. Но, овој пат, ние ова можеме да го оствариме во реалност. Како што ги остваривме во реалност и нашите претходни сништа. За посигурна иднина на сите нас и за потполна рамноправност.
Сега е наше време. Заедно, можеме да испишеме историја градејќи ја иднината. За нас Албанците, и за целата држава“, се вели во соопштението.
виа Фокус