Ахмети со нов повик: Да се обединиме за премиер Албанец како што бевме обединети во ОНА во војната (ВИДЕО)

Лидерот на ДУИ – Али Ахмети, продолжува со кампањата за прв премиер Албанец, што ја најави вчера на 18-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција, со зборовите дека „дојдено е времето за нешто големо“.

Овојпат, Ахмети повика на обединување – како главен предуслов за постигнување на целта:

„Дојдено е времето, пријатели, да се обединеме, затоа што кога сме обединети сѐ е можно, како што бевме обединети во ОНА за време на војната, или при изборот на првиот Албанец Претседател на Собранието, при зачленувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори за членство во Европската Унија. Време е – Албанец Премиер“, порача Ахмети.

Извор: Локално

- Реклама -