Тојота со програма за возила на горливи ќелии

Во рамките на годинешниов Drive ‘n’ Ride во Стразбур, Тојота демонстрираше гама возила на погон на горливи ќелии, кои ќе одговорат на сите барања на мобилноста.

Целта на овој собир беше токму тоа, свртување на вниманието за потребите од ваков вид возила и изградба на инфраструктура на водородни полначници.

Технологијата на горливи ќелии останува еден од тојотините повеќедимензионални пристапи на развој на „ултимативен еко-автомобил“, нудејќи одржливи решенија за нови енергенси, како и намалување на емисијата на штетни гасови.

Тојота ги подржува иницијативите во Германија, скандинавските земји и Велика Британија за воведување на возила на горливи ќелии и водородни станици. Германија најави дека од постојните 14 активни полначници ќе го зголеми бројот на вкупно 50 до 2015 година. Сличен потег се очекува и во Велика Британија, а останатите европски земји како Франција и Холандија прават анализи за потенцијалната мобилност со возила на горливи ќелии.

Во текот на оваа манифестација, за членовите на европскиот парламент, политичките советници и останатите учесници, осигурени се тестови на шест модели на електрични возила на горливи ќелии, производи на Тојота, Daimler, Honda, Hyundai, Inteligent Еnergy и Opel.

Учесниците ќе имаат прилика да присуствуваат на промовирањето на мобилната полначница на водород, прва од ваков карактер во Стразбур.  Својата технологија на водородни горивни ќелии Тојота ја демонстрира преку моделот FCHV-adv и концептот FCV-R.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -