Ципрас: По Преспанскиот договор Грција доби водечка улога на Балканот, не сме веќе црна овца

Со зачленувањето на Грција во Иницијативата 16+1, Грција ја потврди својата водечка улога на Балканот и ја обнови својата репутација, истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас. Тој оцени дека Грција е средиште на поврзаноста во регионот и столб на стабилноста, безбедноста и соработката на североисточниот Медитеран, особено по потпишувањето на Преспанскиот договор.

„Пред четири години Грција беше неуспешна земја, ‘црна овца’ на Европа, без пристап до големите предизвици и случувања во регионот и во спор со своите соседи“, рекол Ципрас, додавајќи дека денес Грција е земја која сите ја признаваат, земја која излегла од големи економски тешкотии и проблеми и земја што си го повратила угледот.

Ципрас потсети и дека Грција требало да биде членка на Иницијативата 16+1 уште од 2012 година, но дека не можеле да им се придружат на Кина и останатите 16 земји токму поради спорот со „северниот сосед“, т.е. Република Македонија, која членуваше во организацијата под своето старо име, за разлика од сега.

Прочитајте и:  Павел: Нема мир во Украина без Русија и Кина на преговарачката маса

Ципрас оценува дека пристапувањето на Грција кон Иницијативата 16+1, која отсега ќе се нарекува Иницијатива 17+1, ќе овозможи посебна длабочина во меѓусебните односи, пред сè во економијата и поврзаноста на земјите членки во организацијата.

- Реклама -