Живот во 8 метри квадратни (видео)

станФелис Коен го компресирала својот живот во стан од 8 метри квадратни и покрај тоа што нема кујна и има кревет кој е само 60 сантиметри под таванот. Станот е толку мал што таа претрпела паничен напад првата ноќ кога престојувала во станот.

Но, малите димензии на станот имаат предност, месечната кирија на Фелис е само 700 долари додека нејзините соседи плаќаат по 3000. Фелис, вели дека е задоволна со станот во кој живее веќе три години, и дека нејзините пријатели преферираат да ја посетуваат неа. Таа додава: „Има неколку компромиси, но вреди.“
станГоспоѓа Коен открила за станот преку пријател и го отстранила целиот мебел оставен од претходниот сопственик. Таа поставила биро со полици на едната страна и плакар зад завеса на другата. Над плакарот таа поставила кревет за едно лице со кратка скала. На овој начин креветот не зафаќа дел од просторот, но е на само 60 сантиметри од таванот.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

{youtube}JZSdrtEqcHU{/youtube}

„Дневната соба“ се состои од само една фотелја до прозорот. Иако нема кујна, во станот има мини рерна и мини фрижидер. Таа редовно ја намалува својата гардероба за да не го полни просторот залудно. „Бањата всушност е голема. Само мора да внимавате да не си го удрите коленото кога го користите тоалетот. Некогаш мора да седите странично.
станФелис вели дека била инспирирана од нејзиниот татко кој ја учел да не купува нешто што не може да си го дозволи. Пред да чуе за станот таа живеела кај роднини во Бронкс. „Пријател ми рече дека ако Мајкл Џордан ги рашири рацете може да ги допре двата ѕида“ изјавила Фелис. Таа потрошила 1000 долари за полиците и креветот за да го направи станот што е можно поудобен.

- Реклама -