Оваа роботска змија ќе бара и уништува тумори во телата на пациентите

Инженерите од OC Robotics во Бристол, Велика Британија, нè донеле еден чекор поблиску до футуристичка медицина.

На овогодинешната Меѓународна Конференција за Онколошки Инженеринг бил претставен прототип на медицински робот кој наскоро ќе им овозможи на хирурзите да навлезат длабоко во своите пациенти без да мораат целосно да ги отвараат.

Кога направата ќе биде готова хирурзите ќе можат да ја употребат да лоцираат и отстранат тумори. Инженерите велат дека оваа механичка змија ќе овозможи минимални процедури. Змијата би влегла во телото на пациентот низ мал засек или, за жал, низ телесен отвор.

Ова ќе им овозможи на хирурзите да трагаат низ телото. Направата би била опремена и со камера и други чувствителни инструменти што би им овозможило на хирурзите да го следат неговиот прогрес. Иако се чини малку вознемирувачка, оваа роботска змија би ја минимизирала потребата за за сериозни хируршки процедури – кои често можат да бидат доста ризични. [Robots join the fight against cancer]

Прочитајте и:  Робот со вештачка интелигенција киднапирал 12 колеги
- Реклама -