Најмоќниот автомобил со четири седишта

Hennessey Performance претставија доработен Cadillac CTS-V Coupe, за кој тврдат дека е најмоќниот автомобил со четири места во целиот свет.

Доработката го носи името Cadillac VR1200 Twin Turbo Coupe и е базиран на најновата верзија на американското купе. Таа нуди три нивоа на моќ, кои возачот може да избере во секое време. При првиот режим возилото испорачува 800 КС, при вториот – 1000 КС, а кај третиот коњите скокаат на вкупно 1.226 со 1.307 Nm.

За да ги постигнат овие резултати тунер мајсторите го зголемиле обемот на 6,2 литарскиот V8 мотор на 7,0 литри. Додале огромна листа на нови компоненти, меѓу кои и две огромни турбини. Cadillac VR1200 Twin Turbo Coupe располага уште со нова суспензија, нов систем за сопирање, 20-инчни фелни и аеродинамичен бодикит изработен од карбон.

Според податоците од Hennessey Performance возилото е способен да забрза од место до 100 километри на час за 2,9 секунди и може да развива 389 km/h. Драг дисциплината на 1/4 милја, ја минува за 10,2 секунди, а на целната линија колата развива брзина од 227km/h.

Се предвидува изработка на само 12 примероци од овој модел. Цените не се соопштуваат…

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -