Пред неколку дена, се појави видео од девојка што фрла кученца од кофа во река. Многумина истапија со лути коментари и клетви, но одново, момците од 4chan ги зедоа работите во свои раце и веќе ја сведоа потрагата на две можни осомничени.

Откако 4chan го откри идентитетот на жената што затвори мачка во канта со ѓубре, по што истата беше соодветно санкционирана, сега има нова мисија – пронаоѓање на девојката што одлучи да фрла мали кученца во река и потоа да постира видео со кое го прославува настанот. Од видеото можеше само приближно да се пресмета колку е висока и се чуја неколку зборови. Но, тоа беше сосема доволно, заедно со корисничката сметка на оној што го постирал видеото (и веројатно снимал), за да се одреди дека настанот се случил во Бугојно, Босна и Херцеговина, на реката Врбас. Со оскудните информации, корисниците на 4chan потрагата ја сведоа на две можни осомничени, едната која се вика Анабел и другата, Ивана. Tие, веќе почнаа со нивно малтретирање, како и сите нивни пријатели на Facebook. Искрено се надеваме дека вистинската виновничка ќе ја добие заслужената казна!