10. Фабио Канаваро
Освојувачот на „Златната топка“ во 2006 како и Мундијалот истата година, легендата во италијанскиот дрес (138 одиграни натпревари) за жал остана без трофеј во најелитното клупско натпреварување, иако во најдобрите денови освен во Парма, играше и во Интер, Јуве и Реал Мадрид.
9. Денис Беркамп
Газеше во репрезентативниот дрес, а богами и во Арсенал, го паметиме и од времето кога играше во Ајакс и Интер.
8. Габриел Омар Батистута
Остана верен на Фиорентина каде беше еден и единствен. Играше и за Рома, па нешто малку и за Интер.
7. Руд Ван Нистерлој
Со 56 постигнати голови, дефинитивно го руши рекордот на најдобар стрелец кој нема освоено ЛШ.
6. Хернан Креспо
Дури има дадено 2 гола во финалиња на ЛШ. Нема титула и вечно ќе го памети Истамбул и 2005 година.
5. Павел Недвед
Јувентус немаше среќа 2003 година во финалето против Милан. За болката да му биде уште поголема, поради суспензија, Недвед не беше ни дел од поразениот тим.
4. Роналдо
Најдобриот фудбалер за 1997 и 2002 никогаш не успеа да ги подигне клупскиот најелитен пехар.
3. Лилијан Турам
(исто како Недвед)
2. Роберто Баџо
Се изнаигра во клубови како Интер, Јувентус и Милан, ама ништо од титулата.
1 Златан Ибрахимовиќ
Со 119 учества, држи рекорд за фудбалер кој нема освоено ЛШ. За иронијата да биде уште поголема,како ги напушташе клубовите, така тие освојуваа ЛШ (прво со Интер – го напушти 2009, клубот освои титула 2010, па наредното лето и со Барса).
Бонус (Џиџи Буфон)
Има брането на 2 финалиња, дури одбрането и два пенали на истите. Не успеа со Милан во 2003, а ниту со Барса 2015. Дојде од Парма 2001 за тогаш рекордна сума за голман, и оттогаш е константен во екипата на Јувентус.